КОНЕЧНАТА ОДЛУКА ЗА ЃОКОВИЌ ОДЛОЖЕНА? Солзавец и судир со полицијата пред адвокатската канцеларија (ВИДЕО)

Наводно Новак Ѓоковиќ навистина бил во црно ауди, кое го напуштило седиштето на адвокатската канцеларија, по што избил инцидент меѓу навивачите и полицијата, но навивачите на српскиот тенисер сè уште се на улиците во Мелбурн.

544

Одлуката за депортирањето или останувањето на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ нема да биде донесена до изутрина ,11 декември, по австралиско време, одлучи Министерот за имиграција Алекс Хок и ги разбесни уште толку фановите на Новак, јавуваат српските медиуми. Министерот имаше рок од четири часа да пресече за судбината на тенисерот, но ќе го пробие рокот за да добие на време.

Добрите вести? Бидејќи Македонија и Австралија се речиси 12 часа временска разлика, одлуката можеби ќе ја дочекаме денеска до полноќ по наше време, кога во Мелбурн ќе биде скоро пладне.

 






Во меѓувреме, Новак е слободен човек, но тензијата не престанува пред неговиот хотел, каде негови фанови, Срби и по некој Македонец протестираат. Јутјуб во живо пренесува што се случува во Мелбурн.

Наводно Новак Ѓоковиќ навистина бил во црно ауди, кое го напуштило седиштето на адвокатската канцеларија, по што избил инцидент меѓу навивачите и полицијата, но навивачите на српскиот тенисер сè уште се на улиците во Мелбурн.

Денеска во 14 часот ќе се обрати и Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер во светот, кој на прес-конференција ќе објасни што се случувало со Новак претходните денови. Утринава за медиумите, зборуваше и неговиот брат Ѓорѓе.

 

Претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ изјави дека однесувањето на австралиските власти кон тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој помина неколку дена во притвор во Мелбурн поради испрашувањата во врска со медицинското ослободување за влез во таа земја без потврда за вакцинација против коронавирус, е „генерално срамно“ и „политичко малтретирање“, јави дописникот на МИА од Белград.

 

Дачиќ, кој е и поранешен министер за надворешни работи, за ТВ Хепи изјави дека „очигледно австралиските власти ќе одлучат да го депортираат“ Ѓоковиќ, кому ќе му биде забранет влез во таа земја на три години доколку му биде укината визата.

– Секоја држава има дискреционо право да одбие некому да влезе во земјата, но речиси никогаш не се работело за познати личности како што сега се прави со Новак Ѓоковиќ. Тоа е нешто што ретко се гледа. Генерално, таа постапка е срамна и мора да има реакција од наша страна – изјави Дачиќ.

Тој оцени и дека „државата има ограничено поле каде може да реагира“.

Поврзани содржини