КОНДОВСКИ СО ЗДРУЖЕНИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИ Битола ќе добие модерно прифатилиште за кучиња

185

Сите отворени прашања во врска со заштитата на животните во Битола ќе се решаваат во соработка со Здруженијата за заштита на животни, денеска порача кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, на средба со битолските здруженија и фондации кои работат во оваа област.

– Тие најдобро ги познаваат актуелните состојби и во Битола пренесуваат светски искуства како да се подобрат условите за животните, но и како овие прашања да се решаваат во интерес на граѓаните. На заедничка маса за овие прашања дискутиравме и со ветеринари и со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство. Отворената комуникација е основа за ефикасна соработка со правец на тоа решенијата брзо и конкретно да се спроведуваат во пракса – рече тој.






Средбата следуваше откако претходно во текот на денот Кондовски промовираше проект за модернизација на битолската зоолошка градина.

– И во тој проект ќе бидат вклучени сите сугестии на здруженијата за заштита на животните, бидејќи сакаме да обезбедиме подобри услови за животните во битолската зоолошка градина. Воедно, Битола ќе добие и модерно прифатилиште за кучиња – тоа го предвидува и законот, со што ефикасно ќе се работи на решавање на проблемот со уличните кучиња -рече тој.

 

 

Поврзани содржини