КОНДОВСКИ ПРЕТСТАВИ ТОП 10 ПРОЕКТИ ЗА БИТОЛА Ќе го посети сечиј дом за најдоброто за градот

Ќе изградиме мултифункционален спортски центар во кој се предвидени фудбалско, кошаркарско и тениско игралиште, затворен базен и аквапарк, како и хотелски комплекс. Ветувам формирање на технолошки парк кој ќе овозможи младите да ги реализираат своите бизнис идеи преку финансиска, кадровска и административна поддршка, рече Кондовски.

1,125

На почеток од изборната кампања, сум исправен пред вас, со сиот свој кредибилитет, желба и порив, заедно со носителот на советничката листа и кандидатите за советници, подготвени, да го понудиме најдоброто за нашата Битола, и во кадровска и во програмска смисла, рече кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ Христо Кондовски.

– Ви ветувам и се обврзувам на целосно ослободување на севкупниот општински потенцијал преку изработка на нов генералем урбанистички план, како услов за економски развој и просперитет на Битола. Пробивање на подземна сообраќајница кај хотел „Епинал“ и изградба на подземна гаража. Битола ќе стане велоград преку изградба на велосипедска мрежа која ги поврзува сите големи улици протегајќи се кон Ниже Поле и Националниот парк Пелистер. Ќе извршиме модернизација и реконструкција на трите градски сообраќајни влезови според сите безбедносни стандарди – рече Кондовски.






Тој претставувајќи ја својата изборна програма рече дека ќе направат реконструкција и изградба на локалната индустриска артерија која ги опфаќа улиците Индустриска и Индустриски пат.

– Ќе изградиме мултифункционален спортски центар во кој се предвидени фудбалско, кошаркарско и тениско игралиште, затворен базен и аквапарк, како и хотелски комплекс. Ветувам формирање на технолошки парк кој ќе овозможи младите да ги реализираат своите бизнис идеи преку финансиска, кадровска и административна поддршка. Проектот зелена Битола опфаќа развивање на зелените површини на Тумбе кафе, зголемување на зелените градски површини за 30 отсто и изградба на нови детски паркови. Субвенции за енергетски ефикасни фасади, велосипеди, плински уреди за возила, како и за набавка на хибридни или електрични возила. Гасификација и топлификација со кои ќе бидат опфатени првите индустриски капацитети и 35 јавни објекти – вели Кондовски.

Тој додаде дека локалниот ски центар Ниже Поле ќе добие современа опрема за заснежување и правење на вештачки снег, а ќе се заменат и трите ски лифтови со нови.  Зоолошката градина ќе добие просторно проширување, зголемување на животинскиот фонд за 20отсто, активен истражувачки центар, работилници и ветеринарна амбуланта.

– Со овие, но и со многу други проекти, мерки и решенија заедно со носителот на советничката листа и кандидатите за советници ќе го посетиме сечиј дом, ќе разговараме со секого од вас, барајќи ја вашата доверба, за најдоброто за нашата Битола – рече Кондовски.

Поврзани содржини