КОНДОВСКИ НАЈАВИ ЗЕЛЕНА АГЕНДА Ќе се менуваат фасадите во Битола

Според пресметките, декоја година износот на субвенции во рамките на овој проект ќе изнесува 100.000 евра.

175

Зелената агенда е врвен приоритет во мојата програма! Една од клучните мерки во овој поглед се субвенциите за енергетски ефикасни фасади, рече кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски.

– Истражувања покажуваат дека над 30% од енергијата во внатрешните простории се губи низ обичните фасади. Решение се енергетски ефикасните фасади. Тие се долгорочна инвестиција која значи носи долгорочни заштеди – изјави Кондовски.






Тој додаде дека поради тоа има во план да најави субвенции за обнова на фасадите на објектите за колективно домување во висина од 1/3 од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата.

Кондовски истакна дека е предвидена и поддршка во истиот износ од 1/3 за санација на стари покриви на овој тип објекти, додека на покривите на јавните објекти во Општина Битола ќе бидат поставени фотоволтаици.

– Локалната самоуправа активно ќе работи на унапредување на условите за користење на обновливите извори на енергија. Оваа технологија ќе се интегрира во локалните институции, училишта и градинки. Проектот Зелена Битола, опфаќа и субвенции за инвертер клими и соларни панели – рече кандидатот Кондовски.

Според пресметките, декоја година износот на субвенции во рамките на овој проект ќе изнесува 100.000 евра.

Поврзани содржини