🎥 КОНЦЕРТ НА ТРАЕКТ ВО ЧЕСТ НА ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ „Траг у бескрају“ обединува емоции и спомени

Годинава, од 26 до 31 јули, програмата е збогатена со концерти, изложби, промоции и глумечки вечери – сето тоа како сведоштво за тоа колку длабоко овој музички великан остави трага во срцата на многу генерации.

55

Од 26 до 31 јули, Вела Лука повторно станува музичко светилиште во чест на Оливер Драгојевиќ. Илјадници посетители, бројни уметници и уникатна атмосфера – ова е повеќе од манифестација, ова е завет кон бесмртното дело на еден глас.

Секоја година, на неговото најдраго место – Корчула – се одржува еден од најемотивните настани на хрватската музичка сцена: „Траг у бескрају“, во чест на Оливер Драгојевиќ.






Годинава, од 26 до 31 јули, програмата е збогатена со концерти, изложби, промоции и глумечки вечери – сето тоа како сведоштво за тоа колку длабоко овој музички великан остави трага во срцата на многу генерации.

Како и секогаш, сè започнува емотивно. На 26 јули, вчера, точно во 17:30 часот, од Сплит кон Вела Лука тргна траектот „Корчула“, преполн со патници, љубители на музиката и познати личности, меѓу кои и сопругата на Томпсон – Сандра Перковиќ, актерите Марија Шкариќиќ и Горан Навојец, Јелена Перчин и водителот Марио Петрековиќ со Александра Крамбергер.

Времето не беше на нивна страна, но атмосферата на бродот го победи невремето. Сите пееја во еден глас – водени од Анте Гело со неговиот бенд, Теди Спалато, Бруна Оберан и Стјепан Лач.

Денеска, пак, 27 јули, во дворот на Основното училиште во Вела Лука беше претставен концептот на Меморијалната збирка „Оливер Драгоевиќ“, а утре на 28 јули – истото место ќе се претвори во сцена за промоција на новиот, постхумен албум на Оливер – „Долазиш“.

Врвот на манифестацијата се очекува на 29 јули, кога на понтонот во Вела Лука од 21:30 часот ќе се одржи големиот концерт „Траг у бескрају“. Ќе настапат врвни имиња од хрватската и регионалната музичка сцена: Нина Бадриќ, Теди Спалато, Марко Толја, Ришпет, Петар Драгоевиќ, Марко Шкугор, Дино Јелушиќ, Клапа Каше, Ели Жувела, Антонио Серано, Мирослав Тадиќ, Влатко Стефановски и Ивет Холцварт. Настанот ќе биде пренесуван во живо на ХРТ, а оркестарот ќе го води Алан Бјелински под уметничко раководство на Анте Гело – долгогодишен пријател и соработник на Оливер.

Манифестацијата продолжува и на 30 и 31 јули со џез вечери на плоштадот пред црквата Свети Јосип. Ќе настапат Тадиќ, Стефановски и Холцварт – во амбиент што ветува музичка магија. А токму на 31 јули, по првпат ќе се одржи специјалниот настан на кој ќе настапат: Горан Навојец, Ведран Мликота, Сандра Лончариќ, Лана Барич, Иван Колариќ, Горан Гргиќ, Рената Сабљак, Лана Ујевиќ Телента, Душан Буќан, Рок Јуриќиќ, Марија Шкариќиќ, Матија Качан, Никша Кушељ и Маринко Леш, со музичка поддршка од ансамблот на Гело.

Организатор на манифестацијата е Центарот за култура Вела Лука, со поддршка на Општината, туристичката заедница и партнерството со ХРТ. За визуелниот идентитет и продукцијата петта година по ред се погрижи Real Grupa – една од водечките маркетинг агенции во Хрватска.

И годинава, Вела Лука не е само географска точка на мапата – туку жива сцена исполнета со светлина, емоции и мелодии. Над 40 илјади посетители, илјадници светилки во пристаништето и безброј гласови кои пеат „Cesaricu“ или „Vjeruj u ljubav“ – сето тоа е сведоштво дека Оливер навистина оставил трага која нема крај.

Поврзани содржини