КОМУНАЛНИТЕ ВОЗИЛА НА ВОДОРОДЕН ПОГОН НА БРАКО, ЕДИНСТВЕНИ ВО СВЕТОТ Инженерот Маркоски ги претстави богатите искуства на Конференција во Дизелдорф
На конференцијата беше посветено посебно внимание и на новите начини за рециклирање на батериските системи од електричните возила. За разлика од нив, возилата на водород не оставаат електронски отпад, односно загадувањето и потребата од рециклирање кај нив е нула.
Раководителот на Секторот за истражување и развој во Брако Никола Маркоски единствен од Македонија и од регионот учествуваше на Конференцијата за електрични и батериски системи за непатнички возила и машини во Дизелдорф, каде говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата.
Маркоски ги запозна присутните со предизвиците со кои се соочи тимот на Брако при преминот од електрично возило кон возило на водород, како и иновативните инженерски и технички решенија кои беа изнајдени во процесот .
Возилото на Брако за одржување хигиена во урбани средини на погон на водород е целосно развиено во Брако и единствено такво возило во светот, така што искуството при неговото развивање наиде на интерес кај стручниот форум на конференцијата во Германија.
На конференцијата беше посветено посебно внимание и на новите начини за рециклирање на батериските системи од електричните возила. За разлика од нив, возилата на водород не оставаат електронски отпад, односно загадувањето и потребата од рециклирање кај нив е нула.
Никола Маркоски е магистер по применета физика, кој своето образование го стекнал на светски познатите универзитети во Москва и Минхен, а во Брако раководи со тим од 12 инженери задолжени за истражување и развој во компанијата, која произведува широка палета, вклучително и високотехнолошки производи.