На вчерашната 52-ра седница Владата донесе и дополнување на Уредбата за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот.
– Со измената, се проширува вршењето надзор врз спроведувањето на оваа мерка, за што овластувања добиваат и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните редари – се вели во соопштението од владината прес-служба.