КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ГО ДЕМАНТИРА МИТЕСКИ Претпријатието го обвини в.д. градоначалникот на Аеродром дека не ја кажува вистината

Од Комунална хигиена додаваат дека реалната состојба е спротивна – вработените од општинските служби секојдневно ги полнат контејнерите, истурајќи отпад што го собираат од сервисни улици и зони под нивна надлежност. Претпријатието исто така укажува дека имаат добиено и сведоштва од граѓани за ваквото однесување.

844

Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје остро реагира на изјавата на в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во која тој тврди дека општината секој месец ангажира 100 лица кои наводно празнат контејнери и собираат кабаст отпад.

„Оваа изјава е целосно невистинита. Општина Аеродром не поседува специјални комунални возила соодветни за празнење контејнери за комунален отпад. Не разбираме на кој начин би можело 100 луѓе да ги празнат контејнерите?!“, наведуваат од претпријатието.






Од Комунална хигиена додаваат дека реалната состојба е спротивна – вработените од општинските служби секојдневно ги полнат контејнерите, истурајќи отпад што го собираат од сервисни улици и зони под нивна надлежност. Претпријатието исто така укажува дека имаат добиено и сведоштва од граѓани за ваквото однесување.

Во реакцијата, се бара од Митески да ја информира јавноста каде завршува отпадот што неговите служби го собираат со рачни колички и кутии.

„Очигледно е дека го фрлаат во контејнерите наменети за домаќинства“, истакнуваат од Комунална хигиена.

Дополнително, од претпријатието го негираат и делот од изјавата на Митески за кабастиот отпад, посочувајќи дека акцијата за поставување специјални контејнери во Аеродром започнала дури минатата недела, а дека месеците претходно, ЈП Комунална хигиена самостојно се справувала со хаотичната состојба на терен.

Само во текот на април 2025 година, екипите на претпријатието подигнале околу 100 кубни метри непрописно фрлен кабаст отпад во општина Аеродром, а од почетокот на 2024 година до сега се отстранети вкупно 200 кубни метри.

На крајот, од Комунална хигиена упатија апел до Митески:

„Одлагањето отпад надвор од контејнери е кршење на Законот за јавна чистота. Наместо со невистини, Митески нека започне со санкционирање на прекршителите и нека придонесе кон навистина почиста општина“.

Поврзани содржини