КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ДОБИ НОВ ДИРЕКТОР Александар Јовановски досега беше градски инспектор
Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип, и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина, соопшти прес-службата на Град Скопје.
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за нов директор на Комунална хигиена Скопје го иманува Александар Јовановски, досегашен инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство имал и во Секторот за локален економски развој, соопшти администрацијата на Град Скопје.
„Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти.
Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина.
Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во Скопје“ – се вели во соопштението на Град Скопје.