„Комунална хигиена“ детално ги изми скопските булевари и улици (ВИДЕО)
Како што соопштија од претпријатието, со употреба на десет автоцистерни, во сите скопски општини спровеле засилени активности за машинско миење на булеварите и поголемите улици во текот на ноќта.
Во текот на изминатата недела, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје изврши генерално машинско миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на градот Скопје.
Како што соопштија од претпријатието, со употреба на десет автоцистерни, во сите скопски општини спровеле засилени активности за машинско миење на булеварите и поголемите улици во текот на ноќта.
– Воведуваме нов тренд на одржување на хигиената на јавните сообраќајни површини, што очекуваме да резултира со зголемено ниво на чистота и поефикасна заштита на јавното здравје, односно намалување на можноста за ширење на вирусот ковид-19 – изјави директорот на претпријатието Абдусамед Шабани.