ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до корисниците преку редовно и навремено плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад да придонесат за ефикасно одржување на хигиената и чистотата на градот Скопје, информира претспријатието.
– Во текот на изминатите два месеца, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе низа вонредни мерки и активности со цел максимално да се заштити колективното здравје и да се спречи ширењето на вирусот ковид-19. Седум пати во неделата, во три смени, нашите екипи го собираат и го транспортираат комуналниот отпад и на највисокото ниво ја одржуваат хигиената на дури шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје. Минатиот месец, тие за само седум дена отстранија над 500м3 несовесно исфрлен отпад, директно придонесувајќи за заштита и одржување на здравата и чиста животна околина.
Ги потсетиуваме жителите на Скопје дека платите на овие вредни работници се обезбедуваат исклучиво преку плаќањето на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад и само преку редовно и навремено плаќање на сметките од ЈП Комунална хигиена- Скопје можеме да им обезбедиме достоинствен живот на тие луѓе – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.