КОМУ АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЌЕ МУ ДАДЕ ПОДДРШКА ВО ТЕТОВО Заинтересирани сме за падот на криминалната ДУИ

ДУИ конечно паѓа кога ќе падне Владата. Во согласност со ова ќе биде и нашето однесување за вториот круг“, велат од Алијанса за Албанците. 

1,057

Алијансата за Албанците, огранокот во Тетово вечерва информира дека уште не зазела став за директна поддршка на едниот или другиот кандидат за градоначалник во вториот круг од локалните избори за Општина Тетово.

„За ова ќе одлучуваат централните тела на партијата по консултации со сите страни. Истовремено, ја известуваме јавноста дека Алијансата за Албанците е заинтересирана за падот на корумпираната и криминална ДУИ во Тетово, Струга, Чаир, Теарце и Боговиње, но ДУИ конечно паѓа кога ќе падне Владата. Во согласност со ова ќе биде и нашето однесување за вториот круг“, велат од Алијанса за Албанците.






Претходно лидерот на Беса Биљал Касами, кој во вториот круг на локалните избори ќе се натпреварува со Теута Арифи од ДУИ за градоначалник на Тетово рече дека очекува гласачите на СДСМ да го поддржат.

Поврзани содржини