Комплетното ќе се реновира одделот за онкологија на Детската клиника

Компанијата „Макстил“ ќе го покрие реновирањето на одделот за што денеска беше потпишан и Меморандум.

194

Со донација на компанијата „Макстил“ ќе се реновира одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. За таа цел денеска генералниот директор на компанијата „Макстил“, Иван Бановски и директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова потпишаа меморандум.

Директорот на „Макстил“  Бановски изјави дека вредноста на донацијата која се состои во материјални добра и услуги, имаа буџетска цена од 150.000 евра, но со комплетното завршување на овој проект ќе ја знаат и точната вредност на инвестицијата..






Тој информира дека дека ќе биде инсталиран целосно нов систем за вентилација и нов систем за технички гасови.

– Оваа пандемија ни покажа колку е битна грижата за сопственото здравје и за здравјето на нашите најблиски. Токму затоа фокусот на „Макстил“ изминатата година кој продолжува и натаму е да помага, да вложува во здравјето на луѓето, односно да помагаме во јавното здравје. Не е ова прва донација од „Макстил“ на Детската клиника. Ветувам дека нема да биде ниту последна донација. Ќе вложуваме секаде каде навистина е потребно. Минатата година во декември „Макстил“ заедно со неговите волонтери го заврши целосното реновирање на одделот за неонатологија, кој е единствен таков оддел, а беше обезбедена и дополнителна опрема и апаратура. Продолжуваме да инвестираме во одделот за онкологија, бидејќи сметаме дека тој е од исклучително значење за Клиниката – рече Бановски.

Директорката на Клиника за детски болести, Аспазија Софијанова рече дека тоа што ќе биде направено ќе биде еден регионален центар за тие за кои болеста е толку неизвесна и претставува огромна енигма

– Постоењето на вакво одделение ќе не внесе во рамките на европско препознатлива Клиника, европско претпознатливи експертизи кои работат во лекување на малигните болести кај децата -рече д-р Софијанова.

 

Поврзани содржини