КОМПАНИЈАТА РАМБЛ НИКОГАШ НЕ ГО ЦЕНЗУРИРАШЕ ТРАМП Крис Павловски ја отвори прес-конференцијата во Белата куќа
Согласно новата политика на американскиот претседател Доналд Трамп, на прес-конференциите во Белата куќа се канат и претставниците на т.н. „нови медиуми“, кои го поставуваат првото прашање, а таа чест вчера му припадна на бизнисменот со македонско потекло, Крис Павловски.
Бизнисменот со македонско потекло и сопственик на медиумската компанија Рамбл, Крис Павловски ја отвори последната прес-конференција во Белата куќа, со прашање за слободата на говорот.
Согласно новата политика на админстрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, на прес-конференциите во Белата куќа се канат и претставниците на т.н. „нови медиуми“ – поткаст емисии, стримери, големи ѕвезди од социјалните мрежи…, кои го поставуваат првото прашање, а таа чест вчера му припадна на Павловски.
– Крис Павловски ја основаше платформата за споделување видеа Рамбл во 2013 година, со цел да го заштити отворениот и слободен интернет од цензурата на големите технолошки компании и владите низ светот. Платформата секогаш им овозможува простор на независните коментатори да ги споделуваат своите автентични мислења и секогаш го вклучуваше и претседателот Трамп, за разлика од другите платформи, кои го цензурираа во минатото – рече портпаролката на Белата куќа Каролајн Луит.
Од основањето, Рамбл растеше со експоненцијален раст и неодамна достигна 67 милиони активни корисници во текот на еден месец, додаде таа.
– Тоа се многу гледачи – додаде таа, пред да го покани Павловски да ја отвори сесијата со прашања.
Павловски истакна дека за него е чест да учествува на прес-конференцијата и со тоа да ја истакне важноста од зачувување на слободата на говорот.
– Рамбл беше жртва на цензура од страна на повеќе странски влади. Јасно е дека сè уште има многу држави кои се противат на слободата на говорот, па дури и таргетираат американски компании. Можете ли да ни кажете што ќе стори оваа администрација, за да ги заштити американските интереси и вредности ширум светот – праша Крис Павловски.
Портпаролката Луит одговори дека борбата против цензурата, како во САД, така и низ светот, ќе биде важен дел од агендата на претседателот Трамп. Таа посочи дека како прво, претседателот Трамп покажал досега невидено ниво на отвореност кон медиумите, кои имаат можност речиси секојдневно да му поставуваат прашања. Дополнително, Трамп потпиша извршна наредба со која им забрани на државните функционери да преземаат чекори со кои се нарушува слободата на говор на американските граѓани.
Milestone day for @rumblevideo as CEO @chrispavlovski asked a question of White House @PressSec Karoline Leavitt from the New Media seat.
There are countries that oppose free speech around the world. How is @POTUS standing up for free expression?
Great question & great answer: pic.twitter.com/tAiZvCjZmw
— Tim Murtaugh (@TimMurtaugh) February 12, 2025