Компанијата Амазон се нуди да ја забрза дистрибуцијата на вакцината во САД

Подготвени сме да ги ставиме на располагање сите наши оперативни способности, експертиза, информатичка и комуникациска технологија, наведува Амазон во писмото до претседателот Бајден.

278

Американската компанија Амазон понудила помош во напорите на американската администрација да се изведе масовна вакцинација низ САД, се наведува во нејзиното писмо до претседателот Џо Бајден.

Британските медиуми наведуваат дека Амазон во писмото до Бајден ја потврдува подготвеноста да ја подобри дистрибуцијата на вакцините.






„Подготвени сме да ги ставиме на располагање сите наши оперативни способности, експертиза, информатичка и комуникациска технологија за да им помогнеме на активностите на американската администрација за масовна имунизација на населението“, наведува Амазон во писмото до претседателот Бајден.

Поврзани содржини