Компанија подари по еден нов автомобил за секој од своите 4.116 вработени (ВИДЕО)
Компанијата „Jiangxi West Dajiu Iron & Steel Corporation“ организираше на 1 октомври настан со кој го прослави својот успех и ги награди вработените за допринесот на годишниот раст.
Кинеската компанија за производство на челик ги награди сите свои 4.116 вработени со нов автомобил поради надминување на добивката петта година по ред.
Компанијата „Jiangxi West Dajiu Iron & Steel Corporation“ организираше на 1 октомври настан со кој го прослави својот успех и ги награди вработените за допринесот на годишниот раст.
Медиумите пренесуваат дека компанијата последните пет години бележела се поголема добивка, а управата сакала да направи нешто посебно за да им се заблагодари на вработените, па одлучиле на секој од нив да им подарат по еден автомобил.
Во текот на неколку денови пред Денот на кинеската државност се поделени вкупно 4.116 возила, 2.933 примероци на „Ford Territory“ и 1.183 автомобили од моделот „Volkswagen Magotan“.
Според кинеските медиуми, вредноста на возилата изнесува околу 500 милиони јуани (74 милиони долари), а компанијата исто така најави дека ќе ја плати регистрацијата, петгодишно авто-осигурување, како и данокот за возилото.