КОМПЈУТЕРОТ КОЈ САМ СОЗДАДЕ ТАЕН ЈАЗИК Никој не знае како работи вештачката интелигенција

„Дале“ може да ви даде слика од нешто, ако вие му го опишете истото со текст. И тоа го прави доста добро. Но, во одредени случаи, „Дале“ не го разбира текстот кој сте го напишале и наместо слика ви возвраќа со непостоечки зборови или букви. На пример ако внесете „слика на зборот авион“, наместо само да напишете „авион“. Токму тие зборови не се случајно исплукани, туку, според Јанис Дарас, имаат значење кое само компјутерот го знае.

648

Не, научниците не знаат точно со какви алгоритми вештачката интелигенција решава проблеми. Дури во еден случај, вештачката интелигенција создаде свој таен јазик кој луѓето не разбираат, па програмата мораше да биде исклучена, пишува ИФЛ Наука.

Не е првпат вештачката интелигенција да направи нешто кое луѓето ниту го очекуваат, ниту можат да го објаснат. Пред извесно време, компјутер успеа да ја погоди од кој раса е некој човек, само ако ја види неговата рентгенска снимка. Како се поврзани расата и рентгенот останува да биде откриено. Чат-ботовите на Фејсбук исто така развија свој јазик.






Но, во случајот со алгоритмот DALLE-2, тој создал нешто помистериозно. „Дале“ може да ви даде слика од нешто, ако вие му го опишете истото со текст. И тоа го прави доста добро. Но, во одредени случаи, „Дале“ не го разбира текстот кој сте го напишале и наместо слика ви возвраќа со непостоечки зборови или букви. На пример ако внесете „слика на зборот авион“, наместо само да напишете „авион“.

Токму тие исплукани зборови, не биле случајно исплукани туку нов јазик, открива Јанис Дарас, студент кој работи на проектот.

„Откривме дека овој произведен текст не е случаен, туку открива скриен речник што моделот се чини дека го развил внатрешно. На пример, кога се храни со овој глупав текст, моделот често произведува авиони.

Во една илустрација објавена на Твитер, Дарас објаснува дека кога е побарано да титлува разговор меѓу двајца фармери, покажува дека тие разговараат, но паузите кога тие не зборуваат се полни со нешто што изгледа како целосна глупост.

Дарас тогаш решил да проба да зборува со јазикот на компјутерот. Исплуканите зборови кои ништо не значат, тој решил пак да ги внесе во програмата. Кога ги внел, видел дека програмта за нив генерира слики, што значи ги препознава како некои свои зборови што имаат свое значење – и слика.

Сепак – иако се покажа дека другите алгоритми создаваат свои јазици, трудот на Дарас сè уште не е рецензиран од неговите колеги, а други истражувачи ги доведуваат во прашање неговите тврдења. Истражувачот Бенџамин Хилтон побара од програмата да покаже два кита како зборуваат за храна, со превод. Откако првите неколку резултати не вратиле текст што може да се дешифрира, истражувачот продолжил сѐ додека не добил „Evve waeles“, што е слично на whales, анлгискиот збор за кит.

„Што мислам?. „Evve waeles“или е глупост, или расипување на зборот ‘китови’.

На Јанис, пак, му се посреќи кога неговите китови кажаа ‘Wa ch zod rea’, па се случи програмата да генерира слики од храна.

Дополнително, додавањето на други фрази како „3D render“ на други фрази дава различни резултати, што сугерира дека тие постојано не значат исто. Од друга страна буквите „Apoploe vesrreaitais“ секогаш враќаат слики од птици.

Засега никој не знае дали новиот јазик на „Дале“ е само глич во програмата или пак програмата има сопствена свест.

Поврзани содржини