Комисијата за заразни болести решава дали ќе ги заостри мерките

664

 

Комисијата за заразни болести утрово решава за евентуални нови рестриктивни мерки кои би ги предложила до Владата.

– На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да ви кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не – рече вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче во 11 часот закажа конференција за медиуми на која најверојатно ќе ги соопшти одлуките од седницата на Комисијата за заразни болести.

Во земјава расте бројот на заразени со ковид-19 и на приеми на пациенти.  Хоспитализирани се 1.082, болничките капацитети се полнат и се адаптираат нови, а од вчера во функција е ковид-центар на Клиниката за трауматологија.

Поврзани содржини