Комисија од 5 члена ќе го оценува третманот на жената што остана без три органи

Комисијата има задача да изврши надзор над стручната работа на струшката болница во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката.

354

Министерот за здравство Венко Филипче денеска донесе решение за формирање Комисија за вршење надзор на стручната работа на ЈЗУ Општа болница Струга во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Јилдз Веапоска на која ѝ беа изведени три органи при породување со царски рез.

Комисијата има 5 члена и има задача да изврши надзор над стручната работа на струшката болница во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката. За извршениот надзор Комисијата во рок од 8 дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за здравство.






Министерот Филипче бара извештајот задолжително да содржи констатирана состојба, евентуални недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита. Членовите на Комисијата треба да дадат стручно мислење за состојбата во установата и за настанатите или можни последици по здравјето на пацинетката и предлог за определување мерки за отстранување на недостатоци или пропусти и рокови за нивно отстранување.

Поврзани содржини