КОМИЧАРОТ КОЈ ПОВРАЌАШЕ НА НАТПРЕВАРОТ СЕ ОГЛАСИ ОД БОЛНИЦА Трејси Морган откри што му се случило
Стенд-ап комичарот Трејси Морган се јави од болница откако повраќаше во текот на кошаркарскиот натпревар помеѓу Њујорк Никс и Мајами Хит во Медисон Сквер Гарден. Тој објави фотографија од болничкиот кревет и откри поради што се чувствувал лошо.
Стенд-ап комичарот Трејси Морган се јави од болница откако повраќаше во текот на кошаркарскиот натпревар помеѓу Њујорк Никс и Мајами Хит во Медисон Сквер Гарден. Тој објави фотографија од болничкиот кревет и откри поради што се чувствувал лошо.
„Ви благодарам на сите за грижата! Сега сум добро, лекарите велат дека е во прашање труење со храна. Благодарам на моето семејство МСГ што толку добро се грижеше за мене, а морам да ја споменам и екипата која мораше да чисти по мене. Ви благодарам!“, напиша тој.
Тој исто така се пошегува дека по овој инцидент Никс имаат статистика 1-0 и дека можеби ќе треба повторно да повраќа во текот на плеј-офот.
Многумина во коментарите му посакаа брзо закрепнување.
Да потсетиме, Трејси најпрвин повраќал на седиштето покрај теренот, а потоа вработените го ставиле во инвалидска количка за да го изнесат од салата. Снимката споделена на социјалните мрежи покажува дека на Морган му тече крв од носот додека го носат надвор од теренот.
Кошаркарскиор натпревар бил прекинат на неколку минути за да може членовите на персоналот да исчистат и да му пружат лекарска помош на Морган, пишува „Фокс њуз“.
„Се надеваме дека Трејси ќе се чувствува подобро наскоро и се радуваме што повторно ќе го видиме на теренот“, рекол портпаролот на МСГ. Морган, познат по емисијата „Saturday Night Live“ и серијата „30 Rock“, навива за Никс уште од дете.