Комерцијална банка донираше две возила за итна помош, медицинска опрема и тестови за ковид-19

Вредноста на донацијата е околу 336.600 евра.

456

Две амбулантни возила за Итна помош, 280 кислородни концентратори, маски за неинвазивна вентилација и 7.120 тестови за  ковид-19 донираше Комерцијална банка на Министерството за здравство за да им помогне на здравствените власти во справувањето со последиците од вирусот.






Со најновата донација во вкупна вредност од 20.700.855,00 денари (околу 336.600 евра), Комерцијална банка уште еднаш даде поддршка на македонското јавно здравство.

– Во борбата со пандемијата сме исправени сите и сите во рамките на своите можности треба да придонесеме за полесно справување со пандемијата. Развојот на настаните ни покажува дека за жал вирусот ковид-19 и натаму претставува сериозна закана за здравјето и животот на граѓаните, кој ги исцрпува медицинските ресурси и силите на здравствените работници. Со најновата донација Комерцијална банка прави нов исчекор и уште еднаш дава значајна поддршка на општеството во овие исклучителни мигови за нашата земја и за граѓаните. Нашата цел е како банка  во соработка со  Министерството за здравство да им помогнеме на здравствените власти во справувањето со последиците од вирусот – изјави  Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.

 

Годинава, ова е петта по ред донација на Комерцијална банка за потребите на јавното здравство, со што вкупната помош од Банката за здравствените работници достигна 590.000 евра.

Поврзани содржини