КОМБЕ СО ДЕЦА СЕ ПРЕВРТЕ ВО СРБИЈА Едно дете загина, 8 се повредени во тешка несреќа на автопатот Нови Сад-Белград

Во возилото имало 8 малолетни патници на возраст од 13 до 16 години, членови на џудо клубот „Партизан“ од Белград, кои се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан.

446

Комбе што превезува деца излета од патот ноќеска околу 4 часот на автопатот Нови Сад-Белград, при што едно дете загина, а 8 се здобија со тешки и полесни повреди.

Несреќата се случила кога комбето излетало од патот, ја пробило ограда, а потоа паднало во канал.






Лекарските екипи констатираа дека едно дете (16) почина, а друго момче е теко повредено со политраума. Уште 6 момчиња на возраст од 13 до 16 години се однесени на детска хирургија.

Возачот на комбето (43) исто така, е тешко повреден. Возачот воедно били тренер на децата, кои биле џудисти и се враќале од натпревар.

Според полицијата, сè уште неутврдени причини, комбе „опел виваро“ со белградски регистарски таблички, управувано од С. С. (1982), се превртело. Во возилото имало 8 малолетни патници на возраст од 13 до 16 години, членови на џудо клубот „Партизан“ од Белград, кои се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан. Еден малолетен патник, на 16 години, почина на самото место, додека 8 лица, вклучувајќи го и возачот, се пренесени во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад со повреди од различен степен.

Алкотестот утврдил дека возачот на комбето не бил под дејство на алкохол.

Поврзани содржини