КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА КАПУШЕВСКИ И СУЛКОСКИ ОД ТЕНДЕРИТЕ НА ТЕЦ НЕГОТИНО? Термоелктраната лани им додели 2 тендера за набавка на мазут
Фактор пишува дека фирмата РКМ лани беше многу актуелна во јавноста како снабдувач со мазут на ТЕЦ Неготино, издигнувајќи се како еден од најголемите трговци со деривати. За 2022 со 7 вработени направи приход од 111 милиони евра и оствари профит од 6,2 милиони евра.
Термоелектраната во Неготино лани купила мазут за 5 милијарди денари (околу 82 милиони евра), покажува извештајот од работењето на термоелектраната за минатата година објавен на нејзната веб-страница. Произведената струја што ТЕЦ Неговино му ја предала на АД ЕСМ чинела 91 милиони евра, а на крајот добивката била 1,34 милиони евра, пишува порталот Фактор.
Термоелектраната го купувала мазутот од фирмааата РКМ на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, која остварила 74% од своите приходите од зделките со ТЕЦ Неготино.
РКМ лани беше многу актуелна во јавноста како снабдувач со мазут на ТЕЦ Неготино, издигнувајќи се како еден од најголемите трговци со деривати. За 2022 со 7 вработени оваа фирма направила приход од 111 милиони евра и остварила профит од 6,2 милиони евра.
Минатата година ТЕЦ Неготино распиша два тендера за набавка на вкупно 340.00 тони мазут.
ТЕЦ Неготино за ова година планира да потроши 210 милиони евра за мазут.