КОЛКУ ВРЕМЕ МОЖЕ ДА ГО ЧУВАТЕ БРАШНОТО? И како да познаете дали е добро за јадење
Поради настаните во светот и зголемувањето на цената многумина направија залихи со брашно. Сепак, како и секој друг производ и брашното треба правилно да се складира.
Предизвикувачките и неизвесни времиња ги принудија повеќето луѓе да си обезбедат одредени намирници, особено брашно. Сепак, не е лошо да се знае колку долго може да се чува брашното и како изгледа кога ќе се расипе.
Иако брашното е термички обработена храна и само по себе содржи мала количина на влага, тоа треба да се чува правилно. Вообичаено, брашното може да се користи 6-8 месеци по запишаниот датум на производство, додека најдобро е да се користи 4-6 месеци по него. За да го продолжите рокот на траење на брашното, можете да го чувате во фрижидер или дури и во замрзнувач. Со чување на брашното во фрижидер може да му го продолжите рокот на траење до една година, додека во замрзнувач може да го продолжите до две или три години.
Клучна улога има и видот на брашното, а најзастапено е вообичаеното бело, додека пократок рок на траење има она со житарки, вклучително и интегралното.
Како изгледа расипано брашно?
Еден од најдобрите показатели дека брашното е расипано е мирисот. Ако забележите дека брашното добило мирис на застоено, тоа е веројатно знак дека треба да се збогувате со него, дури и ако рокот покажува поинаку. Спротивното исто е точно, ако рокот е истечен, но брашното сè уште нема мирис – можете да продолжите да го користите некое време.
Знак дека брашното е расипано може да биде и кога ќе ја промени бојата или кога ќе се појават мувла или молци.