КОЛКУ ПОНЕПРЕРАБОТЕНА, ТОЛКУ ПОЗДРАВА Органската храна е внесување на природата во најчист облик
Изборот на органска храна не е само одлука за подобра исхрана, туку и навистина свесен избор кој го поддржува екодиверзитетот и природното производство. Тоа е храна која е произведена на одржлив начин, без употреба на штетни пестициди, вештачки адитиви и генетски модифицирани организми.
Брзата храна е секојдневие на современиот човек, бидејќи забрзаното темпо на живот, приоритетите и обврските, нѐ оддалечуваат од здравата исхрана.
Храната е гориво што му дава сила на телото, и затоа е важно од каков извор ги добиваме состојките кои ги внесуваме. Квалитетните и проверени состојки содржат нутриенти кои ни се потребни за подобро здравје, енергија и баланс, па затоа сѐ повеќе луѓе се ориентираат кон органската храна како совршено решение кое ги обезбедува сите потреби кои ни се потребни за поздрав живот.
Изборот на органска храна не е само одлука за подобра исхрана, туку и навистина свесен избор кој го поддржува екодиверзитетот и природното производство. Тоа е храна која е произведена на одржлив начин, без употреба на штетни пестициди, вештачки адитиви и генетски модифицирани организми. Да се консумира органска храна не претставува промена на животниот стил или пак намалување на задоволството, туку баш напротив – ослободување од грижата на совест и јадење со љубов, знаејќи дека состојките кои ги внесувате се вистински добри за вас.
Во асортиманот на dmBio може да се најдат житарици, тестенини, растителни млечни алтернативи, намази, природни засладувачи, чаеви, масла, грицки и многу повеќе. Сите овие производи не само што се внимателно избрани, туку и се произведени според највисоките стандарди за органска храна. Без додадени вештачки ароми, бои и конзерванси, тие го зачувуваат најдоброто што природата може да го понуди.
Ако сакате да воведете здрави навики и да започнете со консумирање на органска храна, во продолжение ќе најдете неколку совети кои можат да ви помогнат да го направите тоа:
– Избирајте природни, непреработени производи. Колку е помалку обработена храната, толку е поздрава. Наместо рафинирани житарки, изберете киноа, хељда или булгур, наместо индустриски слатки, пробајте органски сушено овошје или јаткасти плодови.
– Заменете ги нездравите шеќери со природни алтернативи. На пример, белиот шеќер може да се замени со кокосов шеќер, мед или агаве. Ова не предизвикува нагли скокови на шеќерот во крвта и има поблаготворен ефект врз организмот.
– Консумирајте повеќе растителна храна. Кога ќе се вклучат во исхраната органски мешунки, зеленчук и овошје тоа помага да се внесат повеќе витамини, минерали и растителни влакна, кои се неопходни за правилно варење и добра енергија во текот на денот.
– Пијте доволно вода и билни чаеви. Хидратацијата е важна за здрав метаболизам и чистење на организмот од токсини. Природните чаеви можат да бидат одличен начин за да ја зголемите дневната хидратација, додека уживате во природните вкусови на билките.
– Гответе повеќе дома. Домашно приготвените оброци ви даваат контрола врз состојките што ги внесувате. Со органските брашна, тестенини и зачини можете да подготвите здрави и вкусни оброци без компромиси.
Со повеќе од 400 органски dmBio производи, dm е најголем понудувач на органска храна на нашиот пазар. Брендот не само што се грижи за здравјето на луѓето туку и сите производи се произведени со почит кон природата, без непотребни хемикалии и со етички стандарди што го поддржуваат локалното земјоделство. Избирајќи dmBio, избирате здравје, вкус и природа. Храната што се внесува секој ден има моќ да даде енергија, да го подобри расположението и да го направи секој човек поиздржлив.