Колку Македонци всушност починаа од корона, објавена најновата статистика!

Анализата на бројките објавени од Статистика направена од професорот Дејан Трајковски покажува дека средната проценка изнесува 9.535 починати, со 95% интервал на доверба помеѓу 7.730 и 11.341 починати за периодот 01.04.2020 до 06.06.2021 година.

1,284

Најновиот билтен на Државниот завод за статистика во кој се објавени броевите на починати во Македонија заклучно со март 2021, покажува дека смртноста од ковид-19 е многу поголема од официјалната бројка од 5.455 починати.

Според анализата на професорот Дејан Трајковски, просечната годишна смртност од 01.11.2015 до 31.03.2020 година изнесувала 20.231 починати (со 95% интервал на доверба од 18.973 до 21.488 починати).






„Од 01.04.2020 до 31.03.2021 година умреле вкупно 26.873 лица. Одвишната смртност изнесува 6.643 починати (со 95% интервал на доверба од 5.385 до 7.900), што одговара на средна одвишна смртност од 32,8%. Во истиот едногодишен период од ковид-19 умреле 3.799 лица, што ја претставува објаснетата одвишна смртност. Необјаснетата одвишна смртност (разликата од 3.799 до просечно 6.643) се должи на починатите од ковид во домашни услови, од кои еден дел биле нетестирани, а дел со позитивни ковид-тестови, но лекувани и починати во домашни услови и никогаш евидентирани во официјалните ковид статистики. Патем кажано, ДЗС во фуснота покрај големите есенски и пролетни бројки на починати појаснува дека одвишната смртност се должи на епидемијата на ковид-19 во Македонија. Да заклучиме, реалниот број на починати од ковид-19 во Македонија, погоре споменатите 6.643 (со 95% интервал на доверба од 5.385 до 7.900), инаку еднаков на збирот на официјално починатите и необјаснетите одвишни починати, е за просечно 74,8% (со интервал на доверба од 41,7% до 107,9%) повисок од официјалниот број на починати од ковид-19. Оваа стапка го прикажува соодносот на необјаснетата одвишна смртност (неевидентираните починати од ковид) и официјалната смртност од ковид-19 во период од една година. Бидејќи од 31.03.2021 до денес (06.06.2021) бројот на починатите од ковид-19 се зголемил на 5.455, применувајќи ги овие стапки на необјаснета одвишна смртност доаѓаме до проценетиот вкупен број на починати од ковид-19 во Македонија од почетокот на епидемијата до 06.06.2021. Средната проценка изнесува 9.535 починати, со 95% интервал на доверба помеѓу 7.730 и 11.341 починати“, анализира Трајковски.

Поврзани содржини