КОЛКУ ЧИНИ ДРУЖЕЊЕТО СО МЕГАН МАРКЛ? Војвотката од Сасекс ќе биде гостинка на луксузен женски викенд во Сиднеј

Принцот Хари и Меган Маркл доаѓаат во Австралија следниот месец, каде што Меган ќе биде гостинка на луксузен женски викенд во Сиднеј. Прочитајте колку чини дружбата со војвотката

50

Принцот Хари и Меган Маркл следниот месец доаѓаат на нова турнеја во Австралија, за време на која војвотката од Сасекс ќе биде специјален гостин на луксузен тридневен настан за жени во Сиднеј.

Меган ќе одржи говор на гала вечерата, а обожавателите кои ќе купат поскапи билети ќе имаат можност да се фотографираат со неа, што веќе предизвика бројни реакции поради високите цени, пишува Мирор.






Билетите за овој ексклузивен викенд почнуваат од 1439 фунти (1665 евра) и вклучуваат сместување во хотел на плажа, учество во разни активности како јога и медитација, гала вечера и вечерна забава. За оние кои сакаат уште поблиска средба со Меган, достапни се ВИП билети за 1705 фунти (1973 евра).

Вип билетот обезбедува место во првиот ред на гала вечерата, како и групна фотографија на масата со војвотката. Во пракса, ова значи дека за дополнителни 266 фунти (308 евра), обожавателите можат да добијат сувенир фотографија со Меган за време на нејзиниот редок престој во Сиднеј.

Најавата за настанот гласи: „Викенд за жени каков што никогаш порано не сте доживеале! Незаборавен викенд за жени подготвени повторно да се наполнат со енергија и да се забавуваат. Придружете ни се на интимен и луксузен викенд покрај океанот, дизајниран да ги собере жените за стимулативни разговори, релаксација, смеа и незаборавно искуство.“

Меган последен пат ја посети Австралија во 2018 година, кога таа и принцот Хари поминаа 16 дена на турнеја низ Австралија, Фиџи, Тонга и Нов Зеланд за време на нивната прва кралска турнеја како брачна двојка. Во тој период, тие извршија 76 официјални ангажмани, и каде и да се појавија, беа пречекани од толпи луѓе.

Во книгата „Салите: Скриената моќ зад круната“, поранешниот кралски дописник за „Тајмс“, Валентин Лоу, вели дека Меган уживала во големото внимание од јавноста во тоа време, но дека не ја разбирала целосно целта на традиционалните кралски средби со граѓаните.

– Иако уживала во вниманието, Меган не успеала да ја разбере целта на сите тие прошетки, ракувајќи се со безброј странци. Според анонимни членови на персоналот, војвотката наводно во тоа време рекла: „Не можам да верувам дека не сум платена за ова“ – се вели во книгата.

За време на патувањето во Австралија, принцот Хари ќе се обрати и до јавноста, присуствувајќи на самитот InterEdge во Мелбурн. Ова е конференција посветена на професионалниот развој и менталното здравје на работното место.

Влезниците за настанот почнуваат од 1.054 фунти (1.219 евра), а приходите одат во добротворната организација Lifeline.

Поврзани содржини