КОИ СЕ ДВЕТЕ ЛИЦА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ГО ЛИКВИДИРААТ РЕЗНИКОВ? Им биле ветени 150.000 долари за чинот

Се работи за маж од Луганск кој во Украина влегол од Белорусија и за лице од Киев. Двајцата биле приведени во градот Ковел во северзападна украина. Украинските тврдења Ројтерс не можеше независно да ги потврди.

809

Украинската домашна безбедносна служба уапси две лица кои наводно работеле за руската служба ГРУ, а кои планирале да го убијат министерот за одбрана на Украина Олексиј Резникот и шефот на разузнавањето, пренесува Гардијан повикувајќи се на Ројтерс.

Се работи за маж од Луганск кој во Украина влегол од Белорусија и за лице од Киев. Двајцата биле приведени во градот Ковел во северзападна украина. Украинските тврдења Ројтерс не можеше независно да ги потврди.

 






Безбедносната служба на Украина го спречи наводниот заговор на руската воена разузнавачка агенција ГРУ за употреба на диверзантска група за извршување на три убиства, вклучително и на истакнат украински активист, се вели во соопштението на агенцијата во понеделникот.

На осомничените им биле ветени 150.000 долари од руските нарачатели за секоја нивна мета, соопшти SBU.

Уште се чека на реакција од Москва на изјавите на Киев.

Поврзани содржини