КОИ СЕ 10-ТЕ НАЈБОГАТИ ВО РЕГИОНОТ? Нивното богатство вреди 20,7 милијарди евра
Сопственикот на Делта Холдинг повторно е најбогатиот бизнисмен во регионот. По неговите стапки е семејството Костиќ, кое успешно го презеде управувањето со МК Груп.
Богатството на 100-те најбогати луѓе во регионот се зголеми за 2 милијарди евра за една година со што регионалните бизнисмени го следат светскиот тренд. Но, големината на пазарот игра клучна улога во богатството на сопствениците на компании. Високотехнолошките компании, кои порано беа лидери по вредност, сега се во мал пад, наведува Белградски Неделник кој секоја година прави листа на најбогатите во регионот.
Весникот, во соработка со медиумите од регионот, составува листа на 100-те најбогати претприемачи во регионот, споредувајќи ги податоците за нивното деловно работење, односно вредноста на нивните компании.
Србија на листата на 100 најбогати има најмногу (48) бизнисмени. По две години доминација на бизнисмени од Хрватска, тандемот од Србија се врати на врвот на листата.
Сопственикот на Делта Холдинг повторно е најбогатиот бизнисмен во регионот. По неговите стапки е семејството Костиќ, кое успешно го презеде управувањето со МК Груп.
Во првите 10 најбогати се наоѓаат четири бизнисмени од Србија и шест од Хрватска – богатството на тие четворица од Србија вреди 9,8 милијарди евра, а на шестемина од Хрватска – 10,9 милијарди евра.
| Ранг | Име и преиме | Компанија | Богатство во евра | Земја | |
| 1. | Мирослав Мишковиќ | Делта холдинт | 3.011.403.812 | Србија | |
| 2. | Семејството Костиќ | МК група | 2.918.891.445 | Србија | |
| 3. | Силвио Кутиќ | Инфобип | 2.524.942.253 | Хрватска | |
| 4. | Дејан Чакајиќ и Јадранка Степановиќ | Моцарт, Вега | 2.075.373.994 | Србија | |
| 5. | Петар Натијевиќ | МИ Матијевиќ | 1.794.545.863 | Србија | |
| 6. | Мате Римац | Римац група | 1.743.316.832 | Хрватска | |
| 7. | Миле Ќурковиќ | Плодине | 1.734.787.500 | Хрватска | |
| 8. | Дубравко Гргиќ | Концерн Аграм | 1.698.000.000 | Хрватска | |
| 9. | Давор Лукиќ Ледерер | Плава лагуна, Пореч | 1.628.787.500 | Хрватска | |
| 10. | Павао Вујновиќ | Вујновац група | 1.582.000.000 | Хрватска |
И оваа Листа ја составија експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза. Тие ги користеа најавторитетните мултипликатори на Школата за бизнис Стерн на Универзитетот во Њујорк (и споредбени компании) и во анализата ги вклучија резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот. Користени се финансиска методологија и низа алатки, кои овозможуваат да се дојде до најреалната вредност на компаниите.