Кои намирници не смеат да се мијат пред готвење?

Иако звучи парадоксално, миењето на некои намирници може да биде причина за ширење на бактерии, па дури и за труење, а експертите за храна ги објаснија правилата за миење на намирниците, односно за тоа која храна никогаш не треба да се мие пред да се готви, а која мора да се мие.

536

Повеќето луѓе сметаат дека сè треба да се измие затоа што е чистото синоним за здраво, но тоа не е секогаш точно, особено кај намирниците кај кои постои можност од ширење на бактериите и случаи на труење со храна.

Иако звучи парадоксално, миењето на некои намирници може да биде причина за ширење на бактерии, па дури и за труење, а експертите за храна ги објаснија правилата за миење на намирниците, односно за тоа која храна никогаш не треба да се мие пред да се готви, а која мора да се мие.






Не треба да се мијат следниве:

Јајца

Постои посебна супстанција која се става на јајцата во индустриското производство и продажба, а нејзината цел е да ги заштити јајцата од бактерии. Водата ја уништува оваа заштита, па затоа јајцата не треба да се мијат, туку да се сварат нормално, а потоа да се излупат.

Пилешко

Според агенцијата Food Standards од Велика Британија, со миење на сурово живинско месо, заради прскањето на вода, бактеријата Кампилобактер се шири преку капките.

Тие откриле дека две петтини од луѓето го мијат пилешкото месо пред да го подготват. Предупредуваат дека капките вода што се одбиваат се одговорни за пренесување на наведените бактерии на кожата, работните површини, облеката и кујнската опрема.

Забраната за миење сурова живина, според ФСА, треба да се сфати сериозно затоа што „Кампилобактер“ може да резултира со опасни болести, па дури и смрт. Она што можете да го направите е да бидете сигурни дека пилешкото што го подготвувате е добро печено или варено и дека добро ќе ги измиете рацете откако ќе го третирате месото.

Друго месо

Забраната за миење не се однесува само на живината, туку и на другото месо како говедско, свинско и јагнешко, бидејќи исто така шири бактерии во кујната за време на миењето. Бактериите на месото лесно се решаваат со висока температура, без разлика дали ќе го варите или ќе го печете.

Добро би било да го избришете вишокот сок од површината на месото со хартиени салфети пред да почнете да го готвите, а по ракувањето со месото, не заборавајте да ги измиете рацете со топла вода и сапун.

Тестенини

Кулинарските готвачи сметаат дека миењето тестенини е најголемиот грев што можете да го направите, бидејќи водата го отстранува скробот што помага подобро да се апсорбира сосот што ќе го послужите со него. Значи, тестенините не треба да се мијат дури ниту по готвењето, а единствен исклучок се тестенините што сте ги зготвиле за салата или што ќе ги доработувате во вок.

Печурки

Оваа храна, поради сунѓерестата структура со исклучителна апсорпција, никогаш не треба да се мие или потопува во вода. Ако изгледаат валкани, едноставно излупете ги со нож или избришете ги со хартиени салфети. Печурките треба да се лупат само доколку имало промена на бојата, а без оглед на бојата, долниот дел од дршката на печурката треба да се исече.

Кои намирници мора да се мијат, па дури и да се чуваат во вода, прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини