„КОГА ВЛЕГОВ ВО СОС ДЕТСКО СЕЛО ВЕДНАШ СЕ ЗАЉУБИВ“ Тошо Малерот се најде во улогата на воспитувач

1,156

Васко Тодоров, кого јавноста го познава како „Тошо Малерот“ од К-15, работи како воспитувач во младинските куќи на СОС Детско село.

– Цело време работам како воспитувач и тоа што сум го работел има воспитна димензија. К-15 конкретно е најголемиот социолошки проект направен во Македонија. Постоеше 20 години. Јас кога влегов овде, веднаш се заљубив, зашто тоа ми лежи, тоа ми е професија. И ја сакам оваа работа – вели Васко Тодоров во сторија за ТВ Канал 5.






Во моментов во СОС Детско село се дава поддршка на 28 млади лица во 4 куќи на различни локации во Скопје. За грижата и поддршката на лицата во оваа програма се грижат вкупно 23 вработени лица од кои 20 лица се воспитувачи и четворица се стручни работници кои се во директна грижа и работат со младите.

– Ако докторите спасуваат животи, ние, воспитувачите ги менуваме – вели Илчо Бадаров, раководител на служба за живеење со поддршка во СОС Детско село.

Младинската куќа на СОС Детско село во Бардовци е една од четирите куќи во Скопје каде тинејџерските години ги минуваат 7 деца на возраст од 14 до 18 години.

 

 

 

Поврзани содржини