Кога тогаш ќе те стигне правдата! Фатен затвореник по 46 години бегство

Арчулета е обвинет за напад на полицаец во 1973 година со смртоносно оружје, пренесува порталот „Њујорк Дејли Мејл“ и додава дека тој успеал да избега од притвор следната година.

611

Американски ФБИ го фати Луис Арчулета (77), кој избегал од затворот во Денвер пред 46 години и кој живеел во Њу Мексико повеќе од 40 години под лажно име.

Арчулета е обвинет за напад на полицаец во 1973 година со смртоносно оружје, пренесува порталот „Њујорк Дејли Мејл“ и додава дека тој успеал да избега од притвор следната година.






Како што објави ФБИ, ова апсење треба да испрати јасен сигнал до сите, дека колку и да се крие некој, ФБИ ќе го пронајде и ќе го спроведе пред лицето на правдата.

Арчулета ќе биде предаден во Колорадо каде ќе ја издржува затворската казна.

 

Поврзани содржини