КОГА ТЕЛОТО ЗБОРУВА, ЈАС СЛУШАМ Прва епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски Ритам“

Гостите во првата епизода од оваа сезона на dm поткастот „Женски Ритам“ споделуваат совети за секојдневни здрави навики кои придонесуваат за подобрување на општата психо-физичка состојба, потенцирајќи ја моќта на малите здрави навики кои можат да направат голема разлика за вашето тело.

87

„Жените се движење, жените се ритам, секоја од нас има своја посебна енергија, моќ, причина за постоење и делување”. Со овие зборови водителката Живкица Каленикова ја започнува првата епизода од новата втора сезона на долгоочекуваниот dm поткаст „Женски ритам“.

Во првата епизода, гости се Лејла Рамковска, јога инструкторка и сопственичка на јога студиото Club8, инфлуенсерка и мајка на две деца и Даниел Трбогазов, дипломиран професор по физичко образование и главен уредник и основач на порталот „Мој Тренер“.






Лејла и Даниел во релаксирана и пријатна атмосфера дискутираат и го споделуваат своето долгогодишно експертско знаење и искуство поврзани со спортот, физичкото здравје, физичкиот развој на женското тело низ годините, како и за различните биолошки фази низ кои поминува секоја жена.

Споделуваат и совети за секојдневни здрави навики кои придонесуваат за подобрување на општата психо-физичка состојба и во состојби на хроничен замор и стрес. Моќта на малите здрави навики навистина можат да направат голема разлика за вашето тело.

Следете ги активно социјалните мрежи на dm за информации и новости поврзани со dm поткастот „Женски ритам“ на тема женско здравје, бидејќи следуваат нови интересни содржини и нови аспекти од важноста на сеопфатното женско здравје.

Поврзани содржини