КОГА ТЕ „МАВА“ НОСТАЛГИЈА, ЗАСУКАЈ ГИ РАКАВИТЕ Како месењето помага да се намали болката?

Одамна веќе слушаме дека готвењето и месењето помагаат за справување со стресот, но и со душевната болка. Многумина го испробале овој начин, а нашата читателка Лихнида Дамовска токму вака се справува со носталгијата која одвреме навреме не фаќа сите, за местата од убавото минато или за луѓето кои го одбележале, сеедно…

364

„Недела…ме потсетува на баба ми Ленка и питите што ми ги месеше. Сто пати ќе ме прашаше со што сакам да ги наполни. А, јас како и секое разгалено дерле, само јајчаник барав. И секогаш беше по мое. Баба ми одамна не е со нас, ама мирисот на печениот јајчаник го памтам како вчера. Никогаш веќе не направивме. Како да ќе ни ја потенцира загубата и болката за неа. И овојпат е исто. Пита со сирење и спанаќ. Јајчаникот е историја во нашиот дом, само дело на нејзините раце. Го памтам мирисот, неа и љубовта“, напишала нашата пријателка Лихнида Дамовска која сега живее во далечната Америка.

Одамна веќе слушаме дека готвењето и месењето помагаат за справување со стресот, но и со душевната болка. Многумина го испробале овој начин, а нашата читателка токму вака се справува со носталгијата која одвреме навреме не фаќа сите, за местата од убавото минато или за луѓето кои го одбележале, сеедно…






Рецептот за питата побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини