КОГА СТАНА ЛИДЕР НА СДСМ, КОГА ВЕТИ БУГАРИ ВО УСТАВОТ Филипче ќе ја жртвувал и јаката политичка кариера за да капитулира како Заев

Венко Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија, бидејќи народот не му додели таква одговорност и на последните избори кажа што мисли за тоа, одговори ВМРО-ДПМНЕ на подготвеноста на Филипче да ја жртвува и политичката кариера за „европскиот пат“ на Македонија. Својата монтипајтоновска изјава Филипче ја даде во Брисел.

1,138

Венко Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија, бидејќи народот воопшто не му доделил таква одговорост, му порача владејачката ВМРО-ДПМНЕ на претседателот на опозицискиот СДСМ.

Филипче вчера во Брисел великодушно најави дека е подготвен да ја жртвува сопствената политичка кариера, за да се внесат Бугарите во Уставот и Македонија да продолжи по европскиот пат.






„Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија, бидејќи таква одговорност доделена од народот воопшто нема. А нема затоа што на последните избори народот кажа што мисли за капитулациите на Венко Филипче и на Зоран Заев во спорот со Бугарија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека јавноста заслужува одговор кој се темели на факти, вистински вредности и државничка одговорност по обраќањето на Филипче во Брисел, во кое тој ја обвини Владата за наводно „самонаметнато вето“ и за „откажување од евроинтеграциите“.

„Прво, апсурдно е токму СДМС, партијата која капитулираше пред секој услов и дозволи вметнување на билатерални прашања во европскиот процес, да зборува за европска стратегија и достоинство. Ако денес сме заглавени во процесот, тоа е поради штетниот и непреговаран Договор од 2022 година, потпишан токму од СДСМ, без внатрешен консензус и спротивно на јавното мислење. Уставните измени не се закочени од ВМРО-ДПМНЕ, туку од недовербата на народот во процес што СДСМ го водеше без транспарентност, без одговори и со тајни додатоци“, соопшти владејачката партија.

Денес, се додава во соопштението, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на реформите, на владеењето на правото, на борбата против корупцијата, што се вистинските европски вредности.

„Филипче зборува за стратегија, а токму неговата партија немаше стратегија за ништо: ниту за здравство во пандемија, ниту за енергетска криза, ниту за евроинтеграции. Затоа народот јасно ја казни на избори. Исто така, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не одбива уставни измени, туку инсистира тие да бидат дел од поширок договор, постигнат низ демократски процес, со гаранции за идентитетот и со заштита на државните позиции –  нешто што СДСМ апсолутно го погази“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, наместо да зборува за „иднината на државата“, подобро е соучесникот во најголемите здравствени и политички неуспеси да се соочи со минатото и со последиците од сопственото безгрбно владеење, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во оваа смисла, исто така, од сите луѓе, Венко Филипче, симболот на пропаднатото здравство и човекот чие име стои зад една од најголемите здравствени афери, последен има кредибилитет да зборува за грижа и за реформи. Да не беше трагично, ќе беше смешно. Филипче, наместо говори, треба да поднесе извештај пред судот и пред граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ, Филипе, вчера во Брисел изјави дека е подготвен да преземе целосна
одговорност и политички ризик, за да се овозможат уставните измени и да се отворат преговарачките поглавја со ЕУ.

„Стојам целосно на располагање и подготвен сум да го понесам целиот товар, дури и по цена на мојата политичка кариера, доколку Владата смета дека тоа може да придонесе кон напредок во процесот на уставните измени и отворањето на преговарачките поглавја со ЕУ“, рече Филипче.

Тој нагласи дека „СДСМ ќе даде поддршка на секој владин план кој има за цел да ја подобри
нашата преговарачка позиција со ЕУ, без оглед на политичката цена.

„Се соочуваме со Влада во Северна Македонија која не е подготвена да продолжи со уставните измени, неопходни за започнување на преговарачките поглавја со ЕУ. Македонската влада е пример за немање стратегија, особено во однос на прогресијата на евроинтеграциите. Северна Македонија е во бизарна ситуација на таканаречено самонаметнато вето, бидејќи Владата одбива да ги спроведе потребните уставни измени за да продолжи со пристапниот процес“, изјави вчера Филипче во својот говор пред сестринските партии во Брисел.

Поврзани содржини