КОГА „СКОПСКО“ ПИВО СЕ ВИКАШЕ „ОХРИД“ Самуиловата тврдина го красела логото од 50-тите години
Рецептот бил чешки, водата била од скопските бунари. Всушност, оваа понуда на три пива постоела уште меѓу двете светски војни. Во 50-тите, името на пиварата било „Парна пивара-Скопје“, а дури во 70-тите била променета во „Пивара – Скопје“.
„Бело пиво-Охрид“ се викало славното „Скопско“ во 50-тите години на минатиот век, а се произведувало под тоа име сѐ до 70-тите, открива нова студија на институтот ХАЕМУС. На жолто-сината етикета во позадината се гледала Самуиловата тврдина, а се продавало во стакленица од 0,33 литри. Тогашното светло пиво со 10 отсто сладен екстракт одговара на денешното светло „Скопско“, додека другото „12 отсто експортно жолто пиво“ и „14 отсто црно пиво“, тогаш наречено „Кабинет“ одговараат на денешните „лагер“ и „темно“.
Рецептот бил чешки, водата била од скопските бунари. Всушност, оваа понуда на три пива постоела уште меѓу двете светски војни. Самата пивара постои од 1922 година. Во 50-тите, името на пиварата било „Парна пивара-Скопје“, а дури во 70-тите била променета во „Пивара – Скопје“.

Како се сменила етиката и името во „Скопско“? Во 1967 година, УНЕСКО ја организира глобалната акција „Светска година на туризмот“, а тоа е голема шанса на скопската пивара да се промовира на светската мапа. Тогаш осамнува и етикатата и името „Скопско пиво“.
Сите овие информации се пронајдени единствено благодарение на ентузијасти кои ги чуваат етикетите на „охридско“ и „скопско“. Онаа со „охридско“ била испечатена на промотивните материјали на тогашната туристичка агенција „Генералтурист“ од Скопје. Било честа пракса, во тоа време, етикетите да се праќаат до туристичките агенции.
А другите две пива? Нивната популарност, особено на црниот „Кабинет“ била многу поголема на Косово и во Јужна Србија каде се извезувале. Средното „жолто пиво“ или денешен лагер бил достапен и во стакленица од 0,5, додеа „Кабинетот“ само во 0,33 литри.