📽 КОГА НЕ ИГРА ТЕНИС, СЕДИ ДОМА И ПЛЕТЕ Новак Ѓоковиќ добро се забавува со плеталото на Јелена

Новак Ѓоковиќ на ТикТок сподели видео на кое на забавен начин покажа дека добро се снаоѓа и со игли во раце и уште подобро се забавува заедно со својата сопруга Јелена.

957

Најдобриот тенисер во светот, седи дома и плете! Новак Ѓоковиќ на ТикТок сподели видео на кое на забавен начин покажа дека добро се снаоѓа и со игли во раце и уште подобро се забавува заедно со својата сопруга Јелена.

Српскиот тенисер меѓу настапите често знае да ја забавува својата публика со необични видеа на социјалните мрежи. Често истакнува дека тоа посебно го релаксира по истоштувачките мечеви.






@novakdjokovicj🎾

♬ original sound – Novak Djoković

Српскиот тенисер по настапот на УС Опен каде ја освои рекордната 24.грен слем титула во кариерата и по настапот во Дејвис купот каде и помогна на српската репрезентација да се пласира на завршниот турнир во Малага реши да се одмори и да ја прескокне азиската турнеја и турнирите во Кина.

Поврзани содржини