КОГА МОЖЕШЕ КАТАР? Саудиска Арабија сака да биде домаќин на Мундијалот 2030.
Во моментов преговараме и ја осмислуваме заедничката кандидатура. Но, мислам дека тоа би била победничка понуда – изјави саудискиот министер за туризам.
Саудиска Арабија има намера да се кандидира за домаќин на Светското фудбалско првенство во 2030 година, заедно со Грција и Египет. Ова, како што објавија денеска локалните медиуми, го најави саудискиот министер за туризам Ахмед Ал Катеб, кој изрази уверување дека тројната кандидатура за организација на еден од најголемите спортски настани би било добитна комбинација.
– Во моментов преговараме и ја осмислуваме заедничката кандидатура. Но, мислам дека тоа би била победничка понуда. Овие три држави би биле подготвени да вложат многу во инфраструктурата. Тоа што особено можам да го ветам дека Саудиска Арабија би знаела и можела да изгради уметнички дела кога се во прашање фудбалските стадиони, но и целата друга придружна инфраструктура – изјави Ал Катеб.
Следното Светско првенство во 2026 година заеднички ќе го организираат САД, Канада и Мексико.