Кога е вистинското време да се вакцинирате против ковид-19?
Оние кои закрепнале од коронавирусот пред неколку месеци, би требало да ја примат вакцината штом им биде достапна. Докторот за заразни болести од Универзитетот Јел, Онием Огбуагу, ја тестирал вакцината „Фајзер“, па верува дека луѓето кои прележале ковид-19, не мора веднаш да примат вакцина.
Ако неодамна сте добиле позитивен тест за коронавирусот, дури и асимптоматски, треба да почекате најмалку 4 недели по датумот на тестот пред да ја примите вакцината, препорачуваат лекарите, додавајќи дека тaа е најдобрата заштита од ковид-19.
Лекарите сè уште истражуваат колку трае имунитетот од природна инфекција од коронавирус, но во моментов се смета дека нивото на антитела почнува да се намалува после неколку месеци, особено во асимптоматски и поблаги случаи – на крајот оставајќи ги луѓето подложни на повторно заболување до вирусот, пренесува Huffpost.
Националната служба за јавно здравје на Велика Британија ги советува дури и оние кои ја прележале короната да ја примат вакцината.
– Дури и ако веќе имате коронавирус, сепак треба да ја примите вакцината. Таа ќе го намали ризикот од друга инфекција и сериозноста на симптомите ако повторно добиете вирус – советуваат лекарите.
Иако се потребни повеќе истражувања, експертите се надеваат дека луѓето со неодамнешна инфекција на ковид-19 ќе можат да поминат неколку месеци без вакцина.
Оние кои закрепнале од коронавирусот пред неколку месеци, би требало да ја примат вакцината штом им биде достапна.
Докторот за заразни болести од Универзитетот Јел, Онием Огбуагу, ја тестирал вакцината „Фајзер“, па верува дека луѓето кои прележале ковид-19, не мора веднаш да примат вакцина.
Во случаи кога инфекцијата се појавува повторно, новата зараза се случува обично од три до четири месеци после првото заразување.
– Прилично сме сигурни дека ризикот од повторно заразување е навистина низок во првите месеци – вели доктор Огбуагу.
Истражувањата во моментот се насочени кон тоа колку долго ќе трае имунитетот постигнат со вакцинација, но овој доктор смета дека ќе мора да се вакцинирате без оглед дали сте имале корона или не.
Дали постои одреден ризик од вакцината, ако веќе сме го прележале вирусот, е едно од актуелните прашања.
Нема многу истражувања за тоа како претходно заразените пациенти реагираат на вакцината против коронавирус. Според Огбуагу, клиничките испитувања на вакцината дури неодамна почнале да се фокусираат на луѓето кои го прележале ковид-19, за да дознаат повеќе за реакцијата на телото на вакцината, а притоа телото веќе да има антитела.
Добрата вест е дека вакцината „Фајзер“ е безбедна за луѓето кои имале и кои немале неутрализирачки антитела, тврди Огбуагу.
„Нема причина да мислиме дека би постоел зголемен ризик, затоа може да се вакцинирате“, вели докторот.