КОГА Е ЛОКДАУН, ОВА Е НАЈВОЗБУДЛИВАТА ВЕСТ ВО СИДНЕЈ Питон заталкал на шопинг

Девојката го фотографирала питонот, ги известила вработените и отишла дома по торба за змии. Само го потапкала питонот по опашката и тој веднаш влегол во торбата. Потоа го ослободила во природно живеалиште околу Сиднеј.

786

Купување во продавница се претвори во спасување питон за Австралијката Хелаина Алати, кога во понеделникот виде змија на полицата со зачини во Сиднеј, пишува Би-Би-Си.

Супермаркетот се наоѓа на работ на голем простор обраснат со грмушки. Но, триметарскиот питон на полицата за зачини е најмалку што очекувала 25-годишната Алати. За среќа на сите, таа била спасувач на диви животни и блиска со змиите.






– Тој беше на 20 сантиметри од моето лице и гледаше право во мене – рече Алати за Би-Би-Си.

Таа погледнала два пати и останала смирена. Околу неа немало никој. Веднаш препознала дека станува збор за дијамантски питон и дека не е отровен, јазикот му бил надвор и си го лижел.

Алати го фотографирала, ги известила вработените и им рекла дека може да им помогне. Отишла дома и зела торба за змии, само го потапкала питонот по опашката и тој веднаш влегол во торбата. Потоа го ослободила далеку од куќите во грмушки, кои се природни живеалишта на видовите околу Сиднеј.

Алати, како трениран фаќаш на змии, досега има спасено најмалку 20 змии.

Како да гравитираат кон мене, како да знаат дека јас сум некој што ќе им помогне. Да бидам искрена, ова е највозбудливото нешто што се случило во локадунот. Сите вработени го фотографираа – вели Алати.

Најголемиот град во Австралија беше затворен од јуни поради делта сојот на коронавирусот. Одењето во продавница е една од неколкуте причини поради кои на луѓето им е дозволено да ги напуштат своите домови.

Алати претпоставува дека питонот бил во продавницата и во текот на ноќта и можеби лежел на плафонот, како што вообичаено прават овие дијамантски питони.

Поврзани содржини