Кое е девојчето кое го освои рекетот на Ѓоковиќ на Вимблдон?

Иванка е воодушевена. Разговаравме на телефон и таа ми рече: „Што се случи, дали ова е вистински рекет?“. Јас за тоа време шетав со петгодишниот син, кој поради годините не можеше да влезе на трибините. Би сакала сите да бевме заедно – изјави мајката на Иванка Ли

1,823

Медиумите открија кое е девојчето на кое Новак Ѓоковиќ, по победата на Вимблдон, му го подари својот рекет и со тоа го стопли нејзиното срце. Станува збор за Иванка Ли, која е голем фан на тенисерот, а нејзината мајка се огласи за незаборавниот момент во животот на Иванка, пренесе српски Курир.

Сè уште е свежо случувањето кога Ѓоковиќ по завршување на финалето на Ролан Гарос, го подари својот рекет на момчето кое го бодреше од трибините, а победникот на Вимблдон и овојпат го стори истото.






Овој пат во прашање е девојче кое целиот натпревар стоеше со транспарент за поддршка на Новак Ѓоковиќ. Радоста на девојчето беше лесно да се прочита од нејзиното лице, а по ова случување се огласи и нејзината мајка.

– Иванка е воодушевена. Разговаравме на телефон и таа ми рече: „Што се случи, дали ова е вистински рекет?“. Јас за тоа време шетав со петгодишниот син, кој поради годините не можеше да влезе на трибините. Би сакала сите да бевме заедно – изјави мајката на Иванка Ли

Транспарентот кој го држи Иванка во текот на целиот натпревар, го имаат направено таа и нејзината мајка, а секоја буква има посебно значење на англиски јазик. Н означувало дека е број 1, О – неверојатен, В – победник, А – амбициозен и К ги означувало бакнежите.

– Таа ги смисли сите зборови, освен последниот. Последната буква сакаше да означува крал, но јас сакав да биде нешто смешно. Го обожуваме Новак, навистина. Тој работи напорно, тој е сè што еден тенисер треба да биде. Толку е добар и скромен. – додава мајката.

Поврзани содржини