КОЧИ МИЦКО, ИМА И ВТОР КРУГ Во повеќе од 25 општини СДСМ се надева на победа

Петре Шилегов ќе биде новиот градоначалник бидејќи води уште во првиот круг пред Данела Арсовска, Генералниот секретар на СДСМ и шефот на Централниот Изборен штаб на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Љупчо Николовски.

1,778

Најдоброто доаѓа од СДСМ и е подобро до ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ победува Скопје, Петре Шилегов ќе биде новиот градоначалник бидејќи води уште во првиот круг пред Данела Арсовска, Генералниот секретар на СДСМ и шефот на Централниот Изборен штаб на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Љупчо Николовски.

– Покрај главниот град СДСМ победува уште во првиот изборен круг во или води и влегува со водство во вториот во најмалку 25 општини и повеќе општини. И тоа во Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Богданци, Берово, Кривогаштани, Кочани, Карпош, Центар, Пробиштип – рече Николовски.






Тој потенцираше дека имаат голема предност во Шуто Оризари, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Маврово-Ростуште, Македонска Каменица, Чашка, Росоман, Ново Село, Старо Нагоричане, Лозово и се разбира на ниво на Град Скопје.

– Пред ВМРО-ДПМНЕ водиме и во други општини каде што немаат кандидат или водиме пред нив. Како што се Куманово, Долнени, Дебарца, Струга и многу други македонски градови. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ е обидува ирационално да конструира лажна еуфорија е показател за политичката неукост на Мицкоски – соопшти на прес-конференција, Николовски.

Тој му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ова не е арена за навивање, туку ова е натпревар за да се обезбеди подобар живот на народот во секоја општина.

– Локалните избори секогаш имаат и втор круг, затоа кочи Мицко. Граѓаните знаат СДСМ го има најголемиот коалициски капацитет во македонската политичка сцена, и тоа во историјата на плурализмот во Македонија. Прогресивната и демократска опција, односно СДСМ и најголемата и најразноликa коалиција „Најдоброто за мојата општина“ ќе ги добијат овие избори, затоа што нашата земја е членка на НАТО, со завршен попис, никој не може да ја кочи и мора да оди напред – вели генералниот секретар на СДСМ.

Николовски порача дека СДСМ ќе освои поголем број на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини