КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ПОД ИСТРАГА Дупката под фонтаната на Плоштадот Македонија била намерно подметната?

Плусинфо дознава дека министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, порано и самиот градоначалник на Скопје, утрово извршил увид на местото на инцидентот и веднаш ѝ ги одзел ингеренциите на градоначалничката Данела Арсовска во поглед со справувањето со најновиот предизвик.

5,488

Против поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски е поведена предистражна постапка поради сомневање дека дупката под фонтаната на Плоштадот Македонија е намерно подметната, односно оставена под површинскиот слој, со цел да предизвикува опасни инциденти, дознава Плусинфо од извори во Јавното обвинителство во Скопје.

Како дел од проектот на владата на Никола Груевски, „Скопје 2014“, површинската фонтана на Плоштадот Македонија беше изградена во време на кога Коце Трајановски беше градоначалник на Скопје и чинеше 2,5 милиони евра.






Во неа во текот на вчерашниот ден повторно пропадна камион. При крајот на август годинава, кога се поставуваа бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“, пропадна еден од камионите кој носеше опрема. Пред тоа камиони пропаѓаа во фонтаната уште два пати.

Коце Трајановски на удар

 

Тоа ги поттикна сомневањата дека на критичната локација во текот на изградбата на фонтаната намерно е ископана голема дупка, која потоа е покриена со површинските плочки. Според сознанијата на истрагата, целта на оваа диверзија е да се поттикнуваат вакви инциденти, за по градоначалникувањето на Трајановски постојано да се создава лажна перцепција дека неговите наследници на челното место во Град Скопје се неспособни да решат еден банален проблем, а не пак да градат булевари и поголеми објекти.

Плусинфо дознава дека министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, порано и самиот градоначалник на Скопје, утрово извршил увид на местото на инцидентот и веднаш ѝ ги одзел ингеренциите на градоначалничката Данела Арсовска во поглед со справувањето со најновиот предизвик.

Неофицијално, се планира да се ангажира екипа од Институтот „Кензо Танге“ од Јапонија, која заедно со скопскиот Институт за земјотресно инженерство треба да ги утврди причините за слабоста на подлогата на фонтаната на Плоштадот Македонија. Екипата од Јапонија ќе пристигне за два дена, а од безбедносни причини, наместо на аеродромот во Скопје, ќе слета во Охрид.

(Веста е измислена, сите сличности со реалноста се намерни)

Поврзани содржини