„КОБАЛТ СИНЕРГИЈА“ ВО ГАЛЕРИЈАТА НА МКЦ Изложба на 25 дела на Венко Цветков

За изложените ликовни дела критички осврт ќе има проф. Владимир Величковски.

473

Во Галеријата на Младински културен центар во Скопје в петок (23 февруари) во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Кобалт Синергија“ на која ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, со проекција на видео-ролна и две видео-арт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај.

За изложените ликовни дела критички осврт ќе има проф. Владимир Величковски.






Во содржината на видео ролните се и концепциските опсервации во вид на записи на третиот учесник во проектот Корнелија Буклеска.

– Ова е приказна за кобалтот (како елемент и како боја) како и она за синергијата, па така и оваа нивна заедничка, е вечната вистина за животот кој не опстојува во праволиниско течение – вели Буклеска, која е и новинарка и главен уредник на редакцијата за култура и уметност при Радио Скопје.

Венко Цветков дипломирал на академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1984 година, а живее и работи во Скопје. Симон Гегај, роден 2005 година во Скопје, е ученик во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, на отсекот мултимедија.

Изложбата ќе биде отворена до 3 март 2024.

 

Поврзани содржини