„КОАЛИЦИЈАТА СДС-ДПМНЕ-ДУИ ИЗГЛАСА НЕЗАКОНСКА АЛБАНСКА ПАРАЛЕЛКА ВО ВЕЛЕС“ Левица ќе поднесе пријави до Инспекторатот и до Комисијата за спречување дискриминација

234

Советниците од Левица во Велес денеска ќе поднесат пријави до Државниот просветен инспекторат и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, поради одлуката во економското училиште „Јовче Тесличков“ во Велес да се оформи албанска паралелка со ученици кои не ги исполнуваат условите за упис.

„По августовскиот обид, насилно и незаконски да се оформи паралелка на албански наставен јазик во велешката гимназија „Кочо Рацин“ (составена од ученици со помал број бодови отколку што е предвидено со Конкурсот за упис), министерот Шаќири не се откажува од своето самоволие. Овојпат на удар е економското училиште „Јовче Тесличков“ во Велес. Иако во конкурсните услови е прецизно предвидено дека за упис во гимназија, како и во паралелки од здравствена и економска струка неопходно е учениците да имаат најмалку 60 поени, министерот дал согласност во училиштето да се изврши упис на ученици кои имаат и под 40 поени“, реагира Левица.






Оваа, како што велат од Левица, незаконска одлука на најнеспособниот министер за образование на вчерашната седница на Советот на општина Велес доби зелено светло. „Советниците на криминалната оска ДПМНЕ-ДУИ-СДСМ се ставија на страна на беззаконието што го промовира министерот Шаќири и гласаа за оформување ваква паралелка“, додаваат оттаму.

Советниците од Левица гласале против и најавија пријави зашто сметаат дека „ваквото самоволие ги става во понеповолна ситуација сите ученици кои биле одбиени за упис во споменатата струка“.

„Јавно го прашуваме Мицкоски – какви заткулисни договори преговара со квинслишките партии на СДС и ДУИ и што ќе добие за возврат за легитимирањето на ваквата штетна и незаконска одлука? Уште еднаш се потврди ставот на Левица дека овие три партии се здружени во рушењето на македонската државотворност и дека сите заеднички сносат одговорност за бришењето на конститутивните елементи на Републиката“, се додава во реакцијата на Левица.

Поврзани содржини