КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ИМА 63-64 ПРАТЕНИЦИ Ова е бројка без пратениците од „Вреди“, вели Трајанов
ВМРО-ДПМНЕ без коалицијата „Вреди“ во моментов има обезбедено 63-64 пратеници, изјави во вечерашното издание на емисијата Аргумент+, претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов.
Тој не сакаше да прецизира кои се тие пратеници, но посочи дека се тоа пратеници од помалите партии кои порано но и сега се дел од коалицијата предводена од СДСМ.
– Вака широко организиран фронт на ВМРО-ДПМНЕ му е потребен за гласање на измените на Законот за Влада со цел да се дојде до реализација на изборните ветувања за нова структура на Владата со нови ресори или со укинување и прегрупирање на некои од нив, како и на многу агенции – истакна Трајанов.
Во контекст на свечената заклетва на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, Трајанов рече дека очекува набрзо да се стивне метежот и дека мора да се почитуват меѓународните договори но и да се покаже поголем сенс за нашите идентитетски одредби и потреби од соседите Грција, Бугарија, а потоа и од САД и ЕУ.