Коалиција на мрачни политички актери за историско-национална капитулација на Македонија

Политиката сè покрива, секакви говна, ама оваа работа нема да најде мир, сė додека еден човек мисли дека има право да одлучува за цела нација.

2,212

Власта решила дека нема да се води никаква институционална дебата околу нејзините, приватни, не јавни, камоли транспаретни, преговори со Бугарија.

Решија дека наместо инволвирање на Собранието, или камоли некаков референдум, или барем трибина каде би се изнеле ставовите и позициите, ќе тераат приватно и ќе нè доведат до свршен чин.






На тој начин оставија дебатата да се одвива преку медиуми, на дистанца, преку социјални мрежи, преку расправи и поделби.

И што произлегува од таквата дебата?

Излага дека нема релевантен историчар, експерт, интелектуалец, домашен или странец, кој застана зад  или воопшто ги оправда политичките и приватните позиции на нашиот премиер, нешто што неговата султан партија го прифати. Дури и членови на оваа Влада и разни функционери или коалициони партнери се одалечија и ги осудија позициите на Заев.

Единствените кои се покрај Заев се една тесна и позната група на апологети кои извадија од најсмешни до најтрагични позиции, се изналупаа глупости, се погазија како личности во правдање на неоправдливото, дури и тргнаа во дрско заменување на тези, извртување на аргументите и отворено лажење.

Во таква дебата, за нешто што не би ни требало да се дебатира политички, нашата Влада е осамена и изолирана, и продолжува самоуверено по тој пат.

Создадоа коалиција од некои од најмрачните политички актери во нашата независна историја: од Љубчо, Љубе, до Бучко и вечниот Али, кој сега го брани Заев, за утре скапо да ни наплати на сите нас.

И во оваа банда мислат дека политичко решение преку историско-национална капитулација може да создаде основи за пријателство и напредок. Мислат дека тоа ќе ги оправда.

Политиката сè покрива, секакви говна, ама оваа работа нема да најде мир, сė додека еден човек мисли дека има право да одлучува за цела нација.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини