КОАЛИЦИЈА НА ЛДП И ДОМ Утре ќе го соопштат кандидатот за градоначалник на Скопје

404

Договор за заеднички настап на локалните избори потпишаа претседателите на ЛДП и на ДОМ, Горан Милевски и Маја Морачанин, формирајќи го „Движењето Одлучно за промени“.

„Коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што оваа коалиција се позиционира како трета политичка сила на македонската политичка сцена“, наведуваат од Либерално демократската партија (ЛДП).

 






Досега тие ги најавија кандидатите за градоначалници на Ѓорче Петров – Љупчо Јаневски, на Кисела Вода – Ѓулистана Марковска, на Гевгелија – Виктор Петков, на Прилеп – Славе Петрески и на Штип – Ванчо Санев.

Од „Движењето Одлучно за промени” најавуваат дека утре ќе го соопштат својот кандидат за градоначалник на Скопје и носителот на советничката листа.

Поврзани содржини