Коалиција Алијанса Алтернатива: ДУИ и Арифи го злоупотребуваат училиштето во Мала Речица во кампањата
Коалицијата „Сега е време“ на Алијанса за Албанците и на Алтернатива ја обвини ДУИ дека ги злоупотребува своите овластувања и службени позиции за политички цели.
„Ова се случи денес, каде машинеријата на компанијата која го доби тендерот за изградба на основното училиште во Мала Речица, остави впечаток дека се започнати работите за изградба на основното училиште. Иако ова училиште веќе 20 години се ветува од ДУИ, за него никогаш не започнаа, ниту завршија изградбите. Најголем и најнепростлив срам е кога, само две недели пред изборите, ДУИ ги принудува договорните фирми кои го добија тендерот да дефилираат на местото на изградбата, наводно дека започнале со работа“, соопшти Коалицијата.
Оттаму потсетуваат дека секое вакво дејствување во предизборна кампања при што јавните ресурси се злоупотребени за изборни цели, претставува кривично дело според член 353 од Кривичниот законик, првиот член во Поглавје 13.
„Изборниот законик е многу јасен кога се вели дека од денот на одлуката за одржување избори до денот на нивното завршување, парите не можат да бидат распределени од буџетот на Северна Македонија, во општините каде што се дел и јавните објекти, во овој случај училиштата“, додаваат од Коалцијата.
Тие ги повикуваат надлежните тела, како што се Антикорупциската комисија и Управниот суд кој е надлежен за изборите да реагираат доколку постои правна основа за злоупотреба на јавните ресурси за изборни цели, но и за злоупотреба на службените позиции за време на изборите.
– Бараме и политичка одговорност од градоначалничката на Тетово, г-ѓа Теута Арифи, но и од министерот за образование Арбр Адеми, кој е носител на листата за пратеник од ДУИ, да се изјасни за предметниот случај затоа што ова прашање спаѓа во нивна надлежност – велат од Коалицијата „Сега е време“ на Алијанса за Албанците и на Алтернатива.