КОЈЗНАЕ ДАЛИ ПОВТОРНО ЌЕ ИГРАМ ФИНАЛЕ Ѓоковиќ искрено по поразот – „Морам да бидам искрен – горчлив вкус е“

По натпреварот, српскиот тенисер не бараше изговори, туку спортски го призна квалитетот на својот ривал, но отворено зборуваше и за емоциите што доаѓаат со поразот на најголемата сцена.

736

Српскиот тенисер новак Ѓоковиќ не успеа да освои уште еден гренд слем трофеј, бидејќи беше поразен од Карлос Алкараз во финалето на Австалија опен турнирот.

По натпреварот, српскиот тенисер не бараше изговори, туку спортски го призна квалитетот на својот ривал, но отворено зборуваше и за емоциите што доаѓаат со поразот на најголемата сцена.






Ѓоковиќ истакна дека не сака да ја намали победата на Алкараз зборувајќи за сопствените физички проблеми, но нагласи дека клучните детали го решија натпреварот.

-Не сакам да зборувам за тоа низ што минувам физички, што ме мачи, нема да му одземам ништо на победникот, сакам да му честитам на Карлос, играше одлично и ја заслужи победата. Ова е еден од најдобрите натпревари што сум ги одиграл, но тешко промашување, доби брејк во важен момент, тоа го промени моментумот и тоа се случи. Моја е вината што не можев да останам во истото чувство како во првиот сет. Има многу во мојата глава, така е и морам да го прифатам тоа – рече Ѓоковиќ.

Сепак, поразот во финалето остави силен белег, особено затоа што Ѓоковиќ имаше можност повторно да игра финале на Гренд слем по три години, што ги зголеми емоциите.

– Па, морам да бидам искрен. Горчлив е вкусот и чувството кога ќе изгубиш финале на Гренд слем. Особено во оваа ситуација со веќе многу години и можност по 3 години да играш финале на Гренд слем. Како оваа болка ќе го менаџира сето ова, којзнае дали ќе имам можност да играм финале на Гренд слем. Бев наострен, сè се сврте, му честитам за неговиот успех, ја заслужи победата. Бог секогаш знае што е најдобро и плановите што ги прифаќам, тешко ми е да се отворам во истиот момент за тоа. Фала му на Бога. Има уште многу работи за кои треба да бидам благодарен. Тоа е општо чувство. Секако, по натпреварот, го имам тоа разочарување – заклучи Новак на прес-конференцијата.

Алкараз, пак, во своето обраќање  рече дека Ѓоковиќ „заслужува стоечки овации, ова е инспирација за целиот свет“.

Поврзани содржини